Европски првенства
Познати четирите шешири за групите на ЕП: Три „нагазни мини“ и големи шанси за „група на смртта“ (Фото)

Хрватска е последниот (21-ви) директен патник на Европското првенство кое ќе се игра во Германија следната година, а во исчекување на последните три селекции кои ќе ги дознаеме по одиграниот бараж, веќе познато е како ќе изгледаат квалитативните шешири.
УЕФА ги одреди носителите на групите според учинокот и остварените резултати во квалификациите, па поради тоа ќе има и три „нагазни“ мини во третиот и четвртиот шешир.
Хрватска и покрај добриот коефициент се избори само за третиот шешир, а причина за тоа се лошите квалификации кои ги одигра, во кои оствари пласман на континенталниот турнир дури вечерва со победа над Ерменија.
Нагазна мина ќе биде и селекцијата на Холандија која исто така е во третиот барабан, додека Италија е во четвртиот и ќе биде ривал за избегнување.
Во првиот шешир се подредени домаќинот Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија, додека вториот го сочинуваат Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија и Австрија.
Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Англија
Втор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија
Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка
Четврти шешир: Италија, Швајцарија, Србија и трите победници од баражите.
Ждрепката за групната фаза на Европското првенство ќе се одржи на 2-ри декември во Хамбург.
OFICIAL: Bombos para la fase de grupos de la EURO 2024 🇪🇺🏆
El sorteo se realizará el 2 de diciembre 📆 pic.twitter.com/2N8ZuAzN96
— Fútbol, fútbol y más fútbol ❤️⚽️ (@Futbool_Fotos) November 21, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг