Поврзете се со нас

Балкан

Познат е новиот клуб: Џеко по осум години си заминува од Италија

Објавено

на

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко дефинитивно става крај на својот престој во Италија, земја во која настапуваше во изминативе осум години и тоа во Рома и Интер.

Неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува за неколку дена и тој како слободен фудбалер имаше можност да ја избере новата дестинација, а таа ќе биде Турција.

Един откако ќе ги мине медицинските тестови ќе стави потпис на договорот со Фенербахче. Според новинарот Николо Шира се работи за соработката до 2025 година според која ветеранот ќе има годинашна плата од 5 милиони евра (4+1).

Со ова напаѓачот ја заокружува приказната во Топ 5 лигите во Европа која започна во 2007 година во Волфзбург од каде потоа се пресели во Манчестер Сити по што следуваше авантурата на Апенините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни