Поврзете се со нас

Италија

Познат е наследникот на Спалети: Француски стратег ќе го води Наполи (ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Калчолигашот Наполи веќе некое време беше во потрага по нов тренер или поточно наследникот на Лучијано Спалети кој по пауза од 33 години го врати Скудетото во Неапол.

Доста фудбалски стратези се посочуваа како можни наследници на Спалети, но ниту едно од тие имиња кои беа во фокусот нема да му бидат предводници на Елмас и компанија за тоа што првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис се реши довербата да му ја даде на Руди Гарсија.

Францускиот стратег кој има 59 години има искуство во италијанскиот фудбал водејќи ја Рома од 2013 до 2016 година, период во кој „волчицата“ не освои ниту еден трифеј.

Последниот ангажман го имаше во Саудиска Арабија во Ал Наср каде настапува Кристијано Роналдо, а претходно има работено во клубови како Лил, Лион, Марсеј и Сент Етјен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни