Поврзете се со нас

Англија

Португалецот кој објави бојкот пред трансфер во Манчестер Сити (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Вулверхемптон остана без неколку носители на играта во овој летен преоден рок, но како што стојат работите, ќе остане и без Матеус Нунес откако клубот сепак попуштил под притисокот и му ја отвори вратата на Португалецот.

Играчот за врска им објави бојкот на „волците“ и не се појави на тренинзите во изминативе три дена, а ваквиот пристап по се изгледа ќе резултира со негов трансфер во англискиот и европски шампион.

Угледниот „Би-Би-Си“ речиси никогаш не греши кога ќе објави и најави вест за реализирање на трансфер, па респектабилниот медиум попладнево прв соопшти дека Сити сепак успеал да ја мрдне од мртва точка операцијата за Нунес.

Изворите на „Би-Би-Си“ тврдат дека Сити постигнал вербален договор со водечките луѓе на Вулверхемптон за трансфер на португалскиот фудбалер, а истиот треба да се реализира за 47,3 милиони фунти.

На спротивната страна ќе се пресели Томи Дојл од младинскиот тим на Манчестер Сити, со тоа што „волците“ ќе имаат право да го откупат за 4 милиони по крајот на актуелната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни