Поврзете се со нас

Италија

Порто постави цена за напаѓачот кој го посакуваат Интер и Милан

Објавено

на

Екипите на Интер и Милан водат жестоки борби на зелениот терен, но тие често имаат соочувања и надвор од него затоа што се погодува да имаат исти трансфер цели, играчи кои го посакуваат.

Тоа веќе се случи во текот на овој преоден рок, сигурно ќе се случува во блиска и подалечна понуда, па така последната вест е дека двата клуба од Милано притискаа за ангажман на голгетерот на Порто, Мехди Тареми.

Тареми имаше одлична сезона, даде 31 гол со 14 асистенции за португалскиот великан во сите конкуренции и со тоа дополнително го привлече интересот на клубовите. Тој за неколку дена ќе го прослави 31 роденден, меѓутоа тоа не би требало да биде проблем да го оствари најголемиот трансфер во кариерата.

Порто поставил цена и бара околу 30 милиони евра, цена во која според новинарот Џанлука Ди Марѕио може да биде комплетирана со бонуси или поточно некоја сума од 25 милиони евра, плус одредени точки (во договорот) би биле доволно за да се добие потписот на Иранецот.

За него наводно интерес има и некои други тимови од Серија А и Европа, па останува да се види што тој заедно со супер агентот Мендеш ќе одлучат, направат во овој летен преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни