Поврзете се со нас

Италија

Порано од предвиденото: Рибери сака да и стави крај на кариерата

Објавено

на

Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен и екс француски репрезентативец, Франк Рибери размислува да и стави крај на својата богата кариера.

Офанзивецот од минатата година е дел од калчолигашот Салернитана со кого е обврзан со договор до 30 јуни, но Рибери сака порано од предвиденото да ја заврши приказната и да ги закачи копачките на клин. Повеќе извори ова го пренесуваат и останува да видиме дали ќе добиеме официјална потврда.

Во меѓувреме Салернитана се обидува да го добие Диего Пероти кој е слободен агент, па и ова може да се протоклкува како знак дека Французинот заминува во пензија.

Франк има 37 години, а сезонава се соочи со доста проблеми и одигра само 12 натпревари на кои забележа 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни