Поврзете се со нас

Репрезентација

Подмладената Македонија го претрпе првиот пораз во евро-квалификациите

Објавено

на

Кирил Лазаров се одлучи за комплетно млад тим на натпреварот против Португалија и им даде шанса за докажување на многу неискусни ракометари, кои иако одлично парираа и успеаја да се вратат носени од фановите во „Борис Трајковски“, сепак на крајот потклекнаа во клучните моменти.

Поради отсуствата на Талески, Атанасијевиќ, Пешевски и Танкоски, како и фактот што не беа повикани Манасков и Георгиевски, Португалија влезе како голем фаворит на вечерашниот дуел, улога која на крајот ја оправда во последните 10-тина минути во кои конечно го скрши отпорот на младите ракометари на Лазаров.

Македонија поведе со 1:0, после тоа следеше серија на Португалија која брзо дојде до плус четири, предност која успеаваше да ја одржува до завршницата на првиот дел. На полувреме се замина со резултат 11:14, гостите на стартот на вториот дел повторно дојдоа до плус четири, но после следеше серија на нашиот тим.

Четирите погодоци во низа ни донесоа израмнување од 19:19, успеавме и да поведеме со 20:19, но токму во тие моменти следеше голем пад, кој резултираше со одлепување на Португалците.

На крајот, гостите славеа со 23:29 во „Борис Трајковски“, што е прв пораз за Македонија во овие квалификациите за Европското првенство, кои ги започнавме со две победи над Луксембург и Турција. Вториот натпревар против Португалија го играме веќе в недела на 12-ти март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни