Поврзете се со нас

Лига на шампиони

По повеќе од 900 дена: Дејвис конечно го доби дресот на Меси (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен излезе како победник од првата битка со ПСЖ (1-0) и сега е чекор поблиску до четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

Голот на Коман во второто полувреме се покажа како доволен за славје на „баварците“ на „Паркот на принцовите“ каде по последниот судиски свиреж видовме една сцена која долго се очекуваше. Имено асот на Баерн, Алфонсон Дејвис конечно го доби дресот на Лионел Меси, дрес кој сакаше уште од 2020 година.

Имено Канаѓанецот му го побара дресот на напаѓачот по дуелот меѓу Барса и Баерн на кој каталонците доживеаа тежок дебакл, меѓутоа Меси во тој момент бил премногу вознемирен по поразот и едноставно не сакал тој да го направи.

Сега по повеќе од 900 дена дојде до нова средба во која Дејвис го оствари сонот и го доби дресот на еден од најдобрите играчи во историјата на овој спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни