Лига на шампиони
Пик Сегед вторпат го победи Вардар, петти пораз во серија за македонскиот претставник во ЛШ

Вардар вторпат во една недела загуби од Пик Сегед во ракометната Лига на шампиони, а вечерва беше немоќен против унгарскиот ривал на домашен терен (27:30).
Избраниците на Веселин Вујовиќ уште во првото полувреме имаа седум гола негатива и се мачеа да постигнат гол, посебно во почетните 15 минути, па Пик Сегед замина на пауза со резултат 9:16.
Вардар немаше сили за пресврт во второто полувреме и успеа само да ја намали негативата, стигнувајќи до петтиот пораз во серија со резултат 27:30.
Дибиров и Гаџа со по 5 гола беа најефикасни во редовите на „црвено-црните“, додека во победничкиот тим, Шоштариќ стигна до 7 погодоци, додека Бомбач и Бодо реализираа по 5 пати.
Со денешниот неуспех, Вардар е на шестото место во својата група со само пет освоени бодови и со подобар пласман само од ППД Загреб и Мешков Брест.
-
Англијапред 20 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 21 час
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 22 часа
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Шпанијапред 6 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години
-
Англијапред 23 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Англијапред 16 часа
Карагер по неуспешниот старт на Ливерпул: Нема потреба од паника, сакам Клоп да..
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот