Поврзете се со нас

Англија

Пети со критики за Артета: Треба да ја научи лекцијата

Објавено

на

Арсенал прокоцка голема предност на дуелот со Вест Хем и му дозволи на Манчестер Сити да го намали дефицитот на поени на табелата, а овој резултат донесе и одредени критики на сметка на менаџерот Микел Артета.

Легендата на „топчиите“, Емануел Пети по ова реми го анализирал ремито на Арсенал и посочил дека на Артета се уште му недостасува искуство, нешто што најмногу се гледа преку начинот на кој ги прави замените.

– Последниот период Артета не прави многу ротации, мислам дека беше исто и против Ливерпул.

– Потребно му е повеќе време за да уфрли некои замени, а некои играчи порано требаше да ја напуштат играта. Што е со Тросар кој игра одлично откако дојде во Арсенал.

– Артета ги има првите единаесет во својата глава и смета дека тие функционираат најдобро, бидејќи играа одлично од почетокот на сезоната. Можеби смета дека не треба да ги менува бидејќи играат одлично, но тоа е една лекција која мора да ја научи како млад тренер, – истакнал Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни