Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер со жестока осуда: Нашите играчи денеска стравуваа за своите животи во Тетово (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/FC.PelisterBitola

Денеска попладне се одиграа сите осум натпревари во Втората македонска фудбалска лига, но покрај возбудувањата на врвот на табелата, интересна ќе биде и битката за опстанок.

Тетекс успеа да врзе втора победа во низа и денеска во драматичен меч славеше над Пелистер со резутат 2:1, натпревар кој се играше повеќе од 100 минути поради влегување на домашните навивачи на теренот.

Домашниот тим победи со гол во судиското продолжение, а Пелистер неколку часа по мечот се јави со официјално соопштение, со кое и долови на јавноста дека денес играчите на првито тим стравувале за своите животи во Тетово.

– ФК Пелистер ја известува јавноста дека попладнево бевме сведоци на тотално нерегуларен натпревар, во кој бевме доведени во ситуација нашите професионалци да стравуваат за својот живот и да играат натпревар со присуство на навивачи в терен.
Сакаме да апострофираме дека по израмнувачкиот гол на Пелистер во 89. минута од натпреварот против Тетекс, на терен влегоа десетина навивачи и натпреварот немаше услови да продолжи и да се доигра. Сепак, беше донесена одлука да се игра дури и со навивачи присутни в терен, на непосредна близина од нашите фудбалери и веднаш до нашиот голман. Нашиот клуб нема никакви замерки за професионалноста на своите фудбалери, но апострофира дека денес многумина од нив стравуваа за својот живот на нерегуларниот натпревар во Тетово.

– Порачуваме сериозно да се анализира нерегуларниот натпревар во Тетово и да се извлечат заклучоци зошто и како нашите фудбалери беа приморани да играат во вакви услови. Зошто делегатот дозволи натпреварот да продолжи кога навивачи влегоа в терен и физички манифестираа насилство врз службени лица.
Нема да дозволиме ваков тип на натпревари да ни станат секојдневие и ќе продолжиме со чесниот пристап за игра и однесување која му прилега на клуб како Пелистер. Чувствуваме должност ваквите девијации на нашите терени, кои никогаш не се случиле и нема да се случај кога ФК Пелистер е домаќин, да ги пријавиме на надлежните органи и јавноста и да ги заштитиме нашите професионалци. (утре следуваат видео детали од натпреварот)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни