Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер се справи со Пролет, Тиквеш се загреа за дербито со Алкалоид

Објавено

на

foto: FB/RK Eurofarm Pelister

Актуелниот македонски првак, Еурофарм Пелистер избори победа над Тинекс Пролет од 26-22 во вечерашната средба во Суперлигата.

Домаќините парираа и пружија отпор, меѓутоа Пелистер секогаш го имаше последниот збор, пронаоѓаше решенија и го прокнижи петтиот триумф во шестиот натпревар во групата Б во која претходно Вардар без проблеми го реши Мулти Есенс.

„Шест од шест за црвено-црните“: Вардар без проблеми против Мулти Есенс

Тајник со пет и Радивојевиќ со четири гола беа најефикасни кај „фармацевтите“, а кај поразените се истакнаа Василевски, Палевски и Димковски со по четири реализации.

Тиквеш пак продолжи да „грми“ и со шест од шест ќе го дочека соочувањето со Алкалоид во Автокоманда. Клубот од Кавадарци го надигра Скопје со 44-32, лидер беше Мајиќ со осум гола. Шокоски со девет реализации беше најсветла точка кај Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни