Македонија
Пелистер го декласираше Бутел и врза четврта победа во домашното првенство

Еурофарм Пелистер има згуснат распоред поради европските обврски и настапите во Лигата на шампионите, но засега го одржува темпото и лесно се справува во домашното првенство.
По почетниот пораз од Вардар, „зелено-белите“ врзаа четири победи во низа, па како актуелни шампиони денеска не му дадоа никаква шанса на Бутел во пресметката во Битола.
Еурофарм Пелистер покажа квалитет и во овој момент е далеку подобар ривал од Бутел, кој малку фалеше да доживее пораз со двојно помалку постигнати гола од фаворитот.
Пелистер славеше со 37:19 и освои нови бодови на табелата, но сепак нема премногу време за славје, бидејќи во наредните пет дена ќе игра уште еден меч со Тинекс Пролет, а потоа и натпревар со ПСЖ во Лигата на шампиони.
Костески со седум гола беше најдобар стрелец кај победникот, Радивојевиќ постигна шест, а Танкоски го заврши мечот со четири реализации.
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 24 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Шпанијапред 11 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!