Поврзете се со нас

Италија

Операција вредна 150 милиони евра: Милинковиќ-Савиќ ќе им биде соиграч на Невеш и Кулибали

Објавено

на

Српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе неколку години е на излезна врата од Лацио со тоа што секогаш најголема пречка тоа да се реализира беше претседателот Клаудио Лотито кој бараше огромна сума на пари за да се откаже од неговите услуги.

Едно време се бараа 100 и повеќе милиони евра, ама не се најде ниту еден заинтересиран клуб да ја плати таа сума, па сега Сергеј влезе во последната година од договорот и јасно е дека калчолигашот воден од Лотито мора да попушти ако не сака да остане без никакво трансфер обештетување.

Се споменуваше од 40 милиони евра која италијанските клубови како Јувентус, Милан и Интер не сакаа да ја платат што го натера Милинковиќ-Савиќ да размислува за друга опција и како што стојат работите ќе летне за Саудиска Арабија.

„Моцарт Спорт“ пренесува дека се работи на последните детали од зделката со Ал-Хилал, операција која севкупно ќе изнесува фантастично 150 милиони евра. Во оваа сума се вклучени сите работи, обештетувањето и платата на самиот играч, односно ако ова се официјализира Сергеј ќе им стане соиграч на Калиду Кулибали и Рубен Невеш кои во овој преоден рок направија трансфер во Ал Хилал.

Екипата неодамна ја презема Жорж Жезус, а голема желба на управата е да се доведе и Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Попиларниот СМС има 28 години и во досегашната кариера има настапувано уште за Генк и Војводина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни