Поврзете се со нас

АБА лига

Обрадовиќ огорчен по маратонското финале со Звезда: Ова нема никаква врска со кошарка!

Објавено

на

„Мајсторката“ во финалето на АБА лигата уште еднаш го покажа лошото лице на дерби пресметките меѓу Црвена Звезда и Партизан, па токму поради тоа, на добар дел од актерите не им се зборуваше многу за кошарка по драмата со два прекини и празнење на салата.

На крајот, Звезда беше таа што се радуваше и победи со 80:77 за победа и триумф од 3:2 во финалната серија, по што „црвено-белите“ ја одбранија титулата и си обезбедија место во Евролигата.

Партизан ќе мора да чека специјална покана од организаторите за такво нешто, но дури и повторно да игра во Еврокупот, добра вест за нив е што на клупата ќе го има Жељко Обрадовиќ кој најави дека останува по болните случувања за него и играчите.

– И честитам на Звезда на освоената титулата, без оглед на околностите во кои се играше кошарка. Што мислите, како им е на играчите кои наместо една, играат четири натпревари на секој натпревар. Оваа финална серија нема никаква врска со кошарка, но како прав спортист, секогаш ќе му честитам на ривалот.

– Од челниците на АБА лигата зависи дали некогаш ќе создадеме нормални услови за играње кошарка. Мора да се постават јасни правила, прво опомена, а потоа веднаш исфрлање од сала. Тоа го реков и после третиот меч на наш терен. Кога се вратив тука, ми кажаа дека треба да очекувам сешто, но многу работи ме изненадија. Верувам дека некои ќе бидат среќни ако си одам, но јас многу го сакам Партизан и гледам простор за наш напредок, – порача Обрадовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни