Поврзете се со нас

Шпанија

Новото засилување на Атлетико: Знам дека некои не ме сакаат поради моето минато во Реал

Објавено

на

Серхио Регилон значително западна во втор план кај Антонио Конте и сега е приморан да ја враќа својата кариера во вистински правец, а тоа ќе го прави во лигата во која фудбалски експлодираше и го привлече вниманието на клубовите од Европа.

Поранешниот лев бек на Реал Мадрид денеска беше официјално претставен како ново засилување за Чоло Симеоне, односно ќе ги брани боите на ривалскиот клуб од шпанската престолнина во новата сезона како позајмен фудбалер.

Регилон пристигнува со повреда на грбот и своето деби може да го име на почетокот на месец октомври, па поради ова и неговото минато во Реал, голем број фанови на Атлетико гледаат многу нелогичности во ангажманот на левиот бек.

– Знам дека некои не ме сакаат поради момето минато во Реал, но сега тука сите сме во истиот број. Јас сум многу среќен, се враќам во Ла Лига.

– Веќе разговарав со моите нови соиграчи, пред се со капитенот Коке. Имам огромна желба за докажување, да играм фудбал и да му помогнам на Атлетико. Доаѓам со повреда, но рехаблитацијата оди доби и се доаѓа во свој ред. Атлетико е врвен клуб и страста за победи е тоа што ме донесе тука, – изјави Регилон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни