Поврзете се со нас

Македонија

Ново име во клубот од Тафталиџе: ТФТ го договори Симоновски

Објавено

на

Македонскиот претставник во АБА2 лигата, тимот на ТФТ Скопје ги засили своите редови со искусниот Марко Симоновски.

Симоновски во изминатиов период имаше неколку авантури во странство во Иран и Франција, односно ова за него е враќање во Македонија и тоа во тимот кој минатата сезона го освои трофеј0т во Купот.

Марко долго време е на сцената, има играно за доста клубови, па дефинитивно треба да биде сериозно оружје за екипата предводена од стратегот  Боро Смилковски.

Воедно треба да се каже дека ТФТ остане без еден од своите најистакната поединци Бишоп кој замина во Порторико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни