Поврзете се со нас

Англија

Нов проблем за Јунајтед: Варан е повреден и ќе биде во „аут“ неколку недели

Објавено

на

Манчестер Јунајтед има дерби соочување со Арсенал за неколку дена (3 септември), а пред истото клубот од „Олд Трафорд“ соопшти лоши вести поврзани со стоперот Рафаел Варан.

Французинот беше активен на сите три досегашни средби во Премиер лигата, но на последната против Нотингем Форест заработи повреда која подолго време ќе го оддалечи од терените.

Имено Јунајтед соопшти дека Варан не е во комбинација за пресметката со „топчиите“, но и дека ќе мора да паузира неколку седмица. Останува да се види колку време ќе му биде потребно на дефанзивецот да закрепне, поточно ова значи дека Линделоф и Мартинез најверојатно ќе бидат главен пар во срцето во одбраната, а на минутажа може да се надева и критикуваниот Мегваер.

Во „болницата“ на „Олд Трафорд“ се уште Шо, Маунт и Маласија од позначајните играчи, недостапни се уште Диало и Мејну.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни