Поврзете се со нас

Шпанија

Нов предизвик на Џастин: Клајверт ќе игра за клубот за кој настапуваше неговиот татко

Објавено

на

Џастин Клајверт иако беше најавуван како голем талент се мачи да го пронајде своето место по заминувањето од Ајакс, па во изминативе години како играч на Рома беше позајмуван во РБ Лајпциг и Ница.

Тој во сите овие клубови не блескаше, но без разлика на тоа требаше да се пресели во Фулам и да игра во ПЛ во наредната сезона, меѓутоа на крајот овој трансфер пропадна затоа што клубот од Лондон не му обезбеди работна дозвола што значеше дека мора да се бара ново решение кое веќе е пронајдено.

Доста познати медиуми и новинари пренесуваат дека синот на легендарниот Патрик оди во шпанскиот прволигаш Валенсија. Сега останува да се види за каква зделка се работи, ако е заем и во меѓувреме Рома не го продолжила договорот со играчот тоа значи дека „волчицата“ ќе го загуби Холанѓанецот како слободен играч во 2023 година и нема да добие никакво трансфер обештетување.

Инаку Патрик во минатото играше една сезона на „Месталја“ што значи дека неговиот син оди по неговите стапки и ќе се обиде да се наметне кај тренерот Џенаро Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни