Поврзете се со нас

Англија

Њукасл го потопи Тотенхем на „Ст. Џејмс парк“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Њукасл полека се искачува на табелата во Премиер лигата откако доживеа елиминација во Европа, но клучен фактор дефинитивно е тоа што му се вратија неколку повредени играчи на Еди Хау.

„Страчките“ денеска се прикажаа во издание на кое ги навикнаа своите навивачи минатата сезона, а во такви услови настрада Тотенхем кој сезонава се бори за излез во Лигата на шампиони.

Њукасл немаше милост на „Ст. Џејмс парк“ и четири пати ја погоди мрежата на Викарио, па Тотенхем со ова направи голем чекор назад во обидот да остане во топ четири.

Поради четирити примени гола, Тотенхем падна петти уште пред натпреварот на Астон Вила (поради полоша гол разлика), додека Њукасл се искачи на шестото место пред Манчестер Јунајтед.

Исак и Гордон постигнаа два гола во 90 секунди и му режираа кошмар на Мики Ван де Вен, додека во вториот дел видовме уште два гола, првиот дело на Исак, а вториот на Шер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни