Поврзете се со нас

Германија

Нереална конфузија: Забицер погоди пенал на знак од трибините, судијата го поништи пеналот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд заврши со победа на гостите, но и со една ретко видена ситуација на фудбалските терени во најквалитетните лиги.

При резултат 1:2, гостите добија уште еден пенал, а Марсел Забицер рутински го претвори во гол, помислувајќи дека реализирал хет-трик на оваа средба.

Сепак, судијата Флоријан Бадштубнер дури по реализацијата заминал кај ВАР мониторот и решил дека погрешил со проценката, поништувајќи го пеналот, а со тоа и голот на Забицер.

На крајот излегло дека судијата не дозволил изведување на пеналот, туку Забицер слушнал звучна сигнализација од некој од фановите на трибините, па тргнал да шутира.

– Сто проценти сум сигурен дека слушнав свирче, но ме уверуваат дека било од трибините. Моравме да се посмееме малку на оваа ситуација, бидејќи вакво нешто ретко се случува, – истакнал Забицер по мечот.

Невообичаената ситуација може да ја видите ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни