Поврзете се со нас

Италија

Непотребен проблем за Инѕаги: Брозовиќ и Онана се „закачиле“ на тренингот на Интер (Видео)

Објавено

на

Интер е во сериозна негативна серија во домашното првенство, но е во добра позиција во Лигата на шампионите, каде е многу поблиску до пласман во полуфиналето во однос на Бенфика.

Фановите со нетрпение го очекуваат утрешниот реванш по победата на првата средба, но најмалку сакаа да видат сцена каква што се случила на денешниот тренинг.

Марсело Брозовиќ и Андре Онана влегле во непријатен вербален дуел и обид да предизвикаат поголем инцидент, но биле разделени од Лукаку и Д’Амброзио кои први реагирале за да ги раздвојат.

Конфликтот на двајцата првотимци сигурно не оди во прилог на тренерот Симоне Инѕаги, кој и самиот е под голем притисок поради поразите во Серија А.

Натпреварот Интер-Бенфика се игра утре од 21 часот, а на првата средба италијанскиот тим славеше со 2:0 како гостин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни