Поврзете се со нас

Конференциска лига

Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)

Објавено

на

Абердин без преголеми амбиции замина на гостувањето во Финска и Бојан Миовски доби шанса како резерва, а дополнителна отежнителна околност за гостите беше и лошиот терен за игра.

Снежната виулица која го зафати Хелсинки направи условите за игра да бидат навистина тешки, но гостинските фанови од Шкотска пронајдоа забава во сето ова.

Во еден момент, мечот беше прекинат и официјалниот спикер мораше да ги предупредува Шкотланѓаните за нивното однесување, па мораа да реагираат и дел од соиграчите на Миовски.

Во меч без многу големо резултатско значење, на крајот двата тима ги поделија бодовите (2:2), но момент на средбата беше оној кога гостинските навивачи си најдоа интересна мета од трибините.

Островјаните правеа снежни топки и го гаѓаа голманот на Хелсинки, па со овој урнебесен чин изнудија и реакции од официјалните лица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни