Поврзете се со нас

АТП

Најдобриот британски тенисер му „покажа заби“ на Ѓоковиќ: Не се сите како Новак

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го етикетираше како екстремен протоколот од страна на Ју-Ес Опен и индиректно се закани дека играчите нема да ги прифатат нивните услови за одигрување на последниот грен слем во годината, што секако експресно предизвика бура од реакции во јавноста.

Цврстиот став на Ноле кој инаку е и претседател на АТП советот на играчи не дава некоја оптимистичка прогноза за одигрување на турнирот во Њујорк, пред се поради тоа што Србинот се пожали за фактот што нема да може да патува со својот тим.

Според најавите, на играчите ќе им биде дозволено да имаат крај себе само еден тренер, но не и физиотерапевт, фитнес тренер и советник.

За разлика од Ноле, има и такви кои по секоја цена сакаат да почнат со играњето тенис, а еден од нив е најдобриот британски тенисер, Даниел Еванс.

– Најголем дел од играчите кои играат на турнирите, пристигнуваат само со еден тренер. Таквото ограничување не е некоја голема работа. Не се сите како Новак. Не патуваат сите со тренери и лекари, па затоа мислам дека неговиот аргумент не е на место. Тој аргумент не важи за другиот дел од играчите, туку само за оние најдобрите, – порача Еванс кој во овој момент е на 28-то место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни