Поврзете се со нас

АТП

Надал го истакна својот фаворит за „Златната топка“

Објавено

на

Рафаел Надал е потврден фудбалски фан и тенисер кој често ги коментира случувањата на фудбалската сцена, при што не крие и дека навива за Реал Мадрид.

Славниот шпански тенисер сега се изјасни и во однос на идниот носител на „Златната топка“, изборот на најдобар фудбалер организиран од „Франс футбол“, за кој неодамна официјално заврши гласањето.

– Му се восхитувам како фудбалер, посветеноста кон спортот и професионализмот на негова возраст.

– Среќно, ја имаш мојата поддршка за „Златната топка“ Карим Бензема, – напиша Надал на Твитер, јасно испраќајќи поддршка за напаѓачот на Реал Мадрид.

Бензема е меѓу фаворитите за признанието, а тука се и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни