Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ по вторпат го суреди Рилски Спортист

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkmztskopje

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје издвојува победа и на вториот пријателски меч против Рилски Спортист од Бугарија.

Клубот од Аеродром вчера славеше со 82-65, додека пак денеска беше подобар со 75-69. Иако „штрковите“ настапија со (по)мал фонд на играчи поради ситни повреди, тие се изборија за триумф со кој на најдобар можен начин го затвараат овој подготвителен период во кој беше совладан Гостивар, а беа доживеани порази од Арис и Пеја.

Крстевски и Баковиќ уфрлија по 18 поени, (Војдан) Стојановски беше автор на 11 кошеви.

Сега МЗТ ќе се насочи кон дуелот со Феникс во Супер Купот на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни