Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Никогаш не сум задоволен, секогаш сакам повеќе

Објавено

на

Жозе Мурињо е еден од најдобрите и најтрофејните светски тренери иако последниве години сепак како да ја губи неговата магија, моќ, но сепак е присутен на големата сцена и понатаму освојува пехари во натпреварувањата кои се под капа на УЕФА.

Имено тој со Рома триумфираше во Конференциската лига и со тоа стана првиот тренер кои успеал да ги освои Лигата на шампионите, Лига Европа и најновото европско натпреварување.

Сепак и покрај сите успеси, пехари, поругалскиот стратег не е задоволен и сака уште позитивни резултати.

-Се трудам да не го чувствувам притисокот. Мислам дека имам здрав однос кон стресот. Не е добро тоа воопшто да не се чувствува. Затоа е важно да се има некаков баланс, но искуството многу помага.

-Клучот е никогаш да не бидете целосно задоволни со она што го имате, туку да сакате повеќе. Кога ќе освоите медал, сакате да биде поблескава и да ги има повеќе. Кога постигнувате гол, сакате уште еден. Сè се врти околу тоа дека „повеќе“ никогаш не е доволно. Тоа чувство не е поврзано со годините, туку со личноста, -порача Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни