Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Моите соиграчи треба да бидат кловнови за да добијат пенал во оваа лига

Објавено

на

Рома не го одбрани домашниот терен и загуби од Аталанта со 1-0 на средбата во Калчо лигата.

„Волчицата“ и без Пауло Дибала (се повреди на загревањето) создаде доволни шанси, полуприлики за да се избори за поповолен резултат, упати далеку повеќе удари кон голот на противникот, ама на крајот не се покажа како доволно да остане во најмала рака непоразена на „Олимпико“.

-Помина лошо затоа што загубивме натпревар што требаше лесно да го добиеме со оглед на начинот на кој игравме. Ако можеме да ја замислиме оваа доминација што ја имавме во последната третина, со многу создадени шанси, можеме да шпекулираме дека со Пауло на теренот можеби ќе беше поинаку.

-Сепак оние кои играа добро се снајдоа за да лесно го добиеме натпреварот, но за жал не постигнавме гол и затоа загубивме. Не е пријатно да се замине со празни раце, но беше добар настап, добар дух. Не доминиравме во Монца или Кремонезе како што овде доминиравме 90 минути со Аталанта, -истакна Жозе Мурињо кој потоа говореше за спорната ситуација во која неговата екипа бараше пенал, а тој порадибурната реакција заработи црвен картон од судијата Даниеле Чифи.

Мурињо полуде по една судиска одлука, заработи црвен картон, па и намигна на камерата (ВИДЕО)

-Тоа беше чист пенал. По натпреварот го прашав судијата зошто не го досуди и го прашав дали е тоа така затоа што Ѕаниоло не падна. Затоа морам да го сменам мојот совет до моите играчи, морам да им кажам не се обидувајте да останете на нозе, не играјте со топката, да бидат кловнови и да нуркаат како во базен. Очигледно на ова првенство само така ќе ти досудат пенал, -порача Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни