Поврзете се со нас

Италија

Мурињо полуде по една судиска одлука, заработи црвен картон, па и намигна на камерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Жозе Мурињо е познат по својот темперамент, па вечерва можевме да го видиме во препознатливо издание на дуелот меѓу Рома и Аталанта.

Португалецот не беше задоволен по една одлука на судијата Чифи, ситуација во која домаќините бараа пенал по што Мурињо експлодираше, протестираше и мораше да биде спречен од неговите соработници за да не се случи поголем инцидент.

За оваа реакција тој доби црвен картон, па мораше да го напушти своето место за да целата ситуација заврши со „поздрав“ на Жозе кој и намигна на камерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни