Поврзете се со нас

Шпанија

Мориентес испрати последно предупредување до Азар за неговата иднина во Реал

Објавено

на

Еден Азар заработи повреда за време на репрезентативните обврски со Белгија и се врати со здравствени проблеми во Мадрид, поради што не му стоеше на располагање на Карло Анчелоти за мечот во Украина против Шахтјор.

Играчот кој речиси никогаш не се повредуваше во Челси, доживува вистинска голгота со разноразни проблеми во Реал Мадрид и постојано е дел од „болницата“ во Валдебебас, па по две цели сезони во кои немаше никаков учинок, легендарниот Фернандо Мориентес тврди дека трпението во клубот нема да трае уште долго.

Поранешниот напаѓач на Реал сега е амбасадор на Ла Лига, а бидејќи има тесна врска со Реал Мадрид, си даде за право да испрати последно предупредување до белгискиот капитен.

– Сите знаеме дека Азар е многу добар, но набрзо ќе дојде време кога Реал Мадрид ќе мора да донесе конечна одлука со него. Оваа година е клучна за него, оваа сезона е клучна во секој поглед. Мора да докаже колку вреди.

– Фановите на Реал и сите во клубот чекаат на него цели две години, чекаат да се врати во врвна форма. Оваа трета година, фановите, раководството и соиграчите чекаат да го видат најдоброто од него. Тој не почна добро, а чекањето за играч кој брилјираше во Челси нема да трае вечно. Реал Мадрид најверојатно нема да го чека по оваа сезона, – најавува Мориентес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни