Поврзете се со нас

Италија

Морати за Супер Куп пресметката: Можеше да се забележи голема разлика на теренот, најдобар беше…

Објавено

на

Интер му одржа лекција на Милан во италијанскиот Супер Куп кој успеа да го добие во Саудиска Арабија со 3-0.

Со ова „нероаѕурите“ само ја потврдија кризата во редовите на градскиот ривал, а дека во моментов постои разлика меѓу двата клуба од Милано забележа и некогашниот претседател на Интер, Масимо Морати.

-Ова беше убав натпревар, не од оние добиени на среќа. Второто полувреме беше пријатно за гледање. Интер доминираше на натпреварот и можеше да се забележи голема разлика помеѓу двата тима на теренот. И по квалитет на игра, ентузијазам и живост.

-Секако, Милан излезе на теренот со помала сила. Не знам дали тоа беше атлетско или психолошко прашање, моментално не се во форма, изгледаат многу уморни. Но, мислам дека имаше влијание и паузата од Светското првенство, -вели Морати кој го избра Един Џеко за најдобар играч на теренот.

-Јас би рекол Џеко. Со 37 години продолжува да игра фудбал на врвно ниво и синоќешниот гол е потврда за тоа. Доминираше во одбраната на противникот и постигна извонредно прекрасен гол, кој стана симбол на оваа голема победа во Суперкупот, -подвлече Масимо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни