Поврзете се со нас

Македонија

Моралес не го заборава Вардар: Многу ми беше убаво во Скопје, штета е што овој врвен клуб нe остана во европскиот врв!

Објавено

на

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 направи доста промени во играчкиот кадар за оваа сезона, а еден од играчи кој си замина беше Куни Моралес.

Искусниот Кубанец беше еден од најдобрите, најквалитетните асови на Вардар во претходните две години, меѓутоа со оглед на состојбата на клубот тој се реши за промени и од актуелнава кампања е дел од хрватскиот состав Загреб.

Меѓутоа тој и понатаму не го забарава Вардар, престојот во Скопје и Македонија, но и луѓето кои ги запозна во нашата земја.

-Вардар беше полн погодок. Клубот играше во Лигата на шампионите, добро се снајдов во Скопје. Храната и сместувањето ме воодушевија, како и луѓето во градот. Ракометот е многу популарен во Македонија и штета е што овој врвен клуб не остана во европскиот врв уште неколку години.

-Не сум тип за ноќно излегување, долго време живеам со семејството, со сопругата и синот, па секој момент од слободното време го поминувам со нив. Дојдов во Загреб со автомобил со сите наши работи во него, порача бекот за „Вечерњи лист“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни