Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Модриќ: Ливерпул ќе бара одмазда, но ние сме подготвени да одговориме

Објавено

на

Фото: twitter.com/realmadrid

Во вторник и среда имаме нова рунда осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, а еден од нив е оној меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Ова се две големи екипи, великани на европскиот и светскиот фудбал, две екипи кои играа во финалето на мината сезона во истото ова натпреварување што говори дека двата тима добро се познаваат иако има одредени проблеми во тимовите.

За „црвените“ ЛШ е единствената шанса за трофеј во сезоната, па во таборот на „кралевите“ се свесни дека нема воопшто да им биде лесно, но се спремни да одговорат на предизвикот.

-Изненаден сум од тоа колку е далеку Ливерпул од првото место … секако и тие можат да го кажат истото за нас, па нема да кажам ништо повеќе. Гледајќи го тимот на Ливерпул, убеден сум дека може да се подигне и да се врати во секое време. Се надевам дека нема да се врати во натпреварите против нас.

-Ливерпул-Реал е една од најдобрите натпревари што фудбалскиот свет може да ги понуди и штета е што мораме да играме толку рано во натпреварувањето. Ова би било одлично финале во Лигата на шампионите. Мислам дека сме фаворити и мило ми е што реваншот го играме пред нашите навивачи. Ливерпул ќе бара спортска одмазда за поразите во претходните години, но ние сме подготвени и веруваме дека ќе продолжуваме понатаму, -порача искусниот Лука Модриќ.

Средбата на „Енфилд Роуд“ е закажана за вторник од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни