Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Модриќ доби овации на „Енфилд“, па испрати порака до фановите

Објавено

на

Фото: twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ ја покажа својата врвна фудбалска класа и на „Енфилд“, а неговиот Реал Мадрид оствари голема гостинска победа во Лигата на шампионите.

Стручните коментатори и фановите не заборавија да ја потенцираат клучната улога на Хрватот во пресвртот, а најдобар доказ за неговото издание се овациите кои Модриќ ги доби од фановите на Ливерпул во моментите кога ја напушташе играта.

Ретко кој гостински играч добил ваква привилегија, а Модриќ покажа дека го цени таквиот пристап и им се заблагодари на фановите преку социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни