Европски првенства
Младинците не го положија завршниот испит за титулата, но ќе играат во елитната А-дивизија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години доживеа пораз од Чешка од 85-72 во борбата за златото на Европското првенство Б-дивизија кое се играше во нашата земја.
Како што го започнавме така и го завршивме овој турнир со пораз од Чесите и тоа со некое слично сценарио во кое противникот не скрши, ја направи клучната разлика во последниот период. На првиот средва таа завршна четвртина ја добија со 22-14 за конечно славје од 80-75, додека пак вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во тој дел беа подобри со 33-20.
Меѓутоа ова е пораз кој не боли затоа што од претходно имавме обезбедено напредок, скок, влез во елитната А дивизија.
Симиќ со 23 поени беше наш прв стрелец, двоцифрен беше уште само Петков со 14 кошеви.
Чешка имаше дури пет играчи со +10 кошеви, предводник беше Хустак со 17 поени и 9 скокови.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 24 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 19 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 21 час
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 20 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)