Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто го добија драматичното дерби, играч на Спортинг имаше неверојатен ефект (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е поблиску до титулата во Португалија, откако денеска неговиот Порто го победи Спортинг на драматичен начин со резултат 28:29.

Спортинг бил подобар во првиот дел кој го добил со 13:10, но Порто одговорил во продолжението, а сосема очекувано, португалското ракометно дерби донесе и драматична завршница.

Порто постигна гол во последните секунди и на тој начин стигна до три бода предност во финишот на првенството, предност која веројатно значи и титула за нашиот Митревски и неговите соиграчи.

Митревски немал свој ден на голот на Порто и стигнал до само 3 одбрани, додека во офанзива се истакнал Ареја со 10 голови.

Поразот на Спортинг го засени и неверојатниот ефект на еден од ракометарите на оваа екипа, односно Франциско Коста кој постигнал 19 гола од 22 обиди на денешниот дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни