Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски ќе испобува нови тактички варијанти: Ќе видите некои фудбалери на необични позиции

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација веќе три дена тренира во Анталија и Благоја Милевски од вчера смета на сите играчи кои ги повика, а веќе утре неговите избраници ќе го имаат првиот тест.

Нашата најсилна селекција ќе одигра пријателски меч со Молдавија на турско тло и на хартија важи за фаворит, но Милевски потенцира дека рерзултатот нема да биде во преден план на овие мартовски и јунски тестови, бидејќи планот му е да испроба различни тактички варијатни.

Селекторот најави дека ќе има измени на неколку позиции и дека ќе игра дел од фудбалери на нестандардни места за нив на теренот, а воедно најави дека ќе им даде шанса на сите повикани.

– Секако дека можам да изразам задоволство од тоа што го видов овие три дена во Анталиија. За жал, Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот и да одговорат како што се очекува од нив. Исто така, мора да се нагласи дека повторно имаме играчи кои воопшто немаат минутажа во своите клубови, но веќе навикнавме на тоа.

– Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив. Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе биде необично. Ќе видиме како ќе изгледа сето тоа на теренот. Планот е да се искористат натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти, – најави Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни