Поврзете се со нас

Италија

Милан сака да ги продолжи договорите со уште двајца клучни играчи

Објавено

на

Екипата на Милан успешно ги заврши преговорите со Сандро Тонали за продолжување на соработката со што играчот од средината на теренот им се приклучи на Фукајо Томори и Раде Круниќ кои претходно ставија потписи на нови договори.

Актуелниот италијански шампион нема намера тука да застане и сака да ги обнови договорите со уште двајца клучни играчи-тоа се Исмаел Бенасер и Рафаел Леао.

Бенасер е врзан со „росонерите“ до 2024 година, а желбата на клубот е тој да остане најмалку до 2026 и 2027 година. Тие планираат да му ја зголемат платата од 1.7 на 3.5 милиони евра по сезона, ама тоа е далеку од тоа што го бара Исмаел (4.5 милиони евра).

Уште потежок е случајот со Леао, офанзивецот и неговиот агент Мендеш бараат петгодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона што е огромен скок, покачување од сегашните 1.3 милиони евра. „Црвено-црните“ нудат 4.5 милиони евра, ама се очекува да ја зголемат понудата.

Во исто време течат преговорите со Пјер Калулу, ама оваа зделка се очекува да биде далеку полесна за затварања во однос на Бенасер и Леао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни