Поврзете се со нас

Италија

Милан притиснал за Санчес, трансферот пропаднал поради играчот

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Милан во финишот на овој преоден рок се обидел да дојде до услугите на португалскиот репрезентативец Ренато Санчес.

Клубот од Милано му понудал на Лил 25 милиони евра плус бонуси, но трансферот пропаднал поради високите барања на играчот од средината на теренот. Според „Скај Спорт Италија“ платата била проблем, но „црвено-црните“ не планираат да се откажат од Португалецот и имаат намера да го „ловат“ и на лето затоа што во него гледаат наследник на Франк Кеси.

Италијанскиот вицешампион од Лил го посакува и дефанзивецот Свен Ботман, па останува да видиме дали овој двоец на францускиот првак ќе заврши на „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни