Поврзете се со нас

Италија

Милан ќе испрати нова понуда за ѕвездата на Порто

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Калчолигашот Милан комплетираше неколку трансфери во овој преоден рок, поточно нови членови станаа Пулишиќ, Лофтус-Чик, Ромеро и голманот Спортиело.

Меѓутоа „росонерите“ не планираат тука да застанат и веќе меркаат уште неколку имиња, потенцијални засилувања меѓу кои е и напаѓачот на Порто, Мехди Тареми. Тареми имаше одлична сезона, постигна 31 гол со 14 асистенции на 51 натпревар за португалскиот великан, па со тоа го привлече вниманието на себе иако веќе има 31 година.

Милан го гледа како одлична опција. но калчолигашот ќе мора да се потруди за да го добие неговиот потпис. Понудата од 13 милиони евра е одбиена, поточно Порто сака сума меѓу 20-25 милиони евра.

„Калчомеркато“ пренесува дека италијанскиот прволигаш е спремен за нов напад, понуда која ќе биде околу 20 милиони евра со бонуси.

Останува да се види каков ќе биде одговорот на Порто кој треба да внимава со Иранецот кој веќе влезе во последната година од договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни