Поврзете се со нас

Италија

Милан ќе ангажира поранешен спортски директор на Арсенал, Тотенхем и Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Раководството на Милан планира засилување на директорските позиции, а според италијанските медиуми, пред промоција на позицијата спортски директор е Дамиен Комоли.

Актуелниот претседател на француски Тулуз треба да ја преземе одговорната функција во пресрет на новата сезона, а на фудбалската сцена изгради реноме одлучувајќи за важни трансфери додека работеше во клубови како Арсенал и Ливерпул.

Комоли е поранешен фудбалер и човек со тренерска лиценца, но најголемите успеси ги постигна како директор, најпрвин во матичниот клуб Монако, а потоа доби сериозна шанса соработувајќи со Арсен Венгер во Арсенал.

Во тој период бил главен европски скаут за „топчиите“ и неговиот мандат заврши со многу успешен период, во кој е вклучена и сезоната на „непобедливиот“ Арсенал, кој ја освои премиерлигашката титула без пораз цела сезона.

Англичаните тврдат дека Комоли е главен виновник за пристигнувањето на Лука Модриќ во Тотенем, а во успеал да го доведе во Лондон и Димитар Бербатов, две имиња кои имаат посебно место во клупската историја на овој клуб.

Подоцна извршуваше важна функција и во Ливерпул, период од кој може да го издвои трансферот на Луис Суарез. Комоли кратко работеше и во Ст. Етјен и Галатасарај, а случајно или не, Тулуз го освои купот и обезбеди излез во Европа токму во периодот кога тој го предводи клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни