Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес прв зададе удар во Мексико, Ботас стигна до пол-позиција

Објавено

на

Откако се менуваше распоредот на силите за време на сите тренинзи и подготовките за квалификациите, се очекуваше навитсина неизвесна борба за првите места за утрешната трка во Мексико, на која со предност ќе стартуваат двајцата возачи на Мерцедес.

Макс Ферстапен и Чеко Перез имаа што да понудат во текот на целата сесија, но сепак Мерцедес го зададе првиот удар на трката за Големата награда на Мексико со освоените први две места во квалификациите.

Валтери Ботас стигна до својата 19-та пол позиција во кариерата и ќе стартува во првиот ред пред својот тимски колега Луис Хамилтон, а зад нив очекувано се најдоа двајцата возачи на Ред Бул.

Ферстапен како лидер во генералниот пласман мораше да се задоволи со третото место и утре ќе напаѓа отпозадина, исто како и неговиот колега Перез.

Меѓу првите десет се најдоа уште Гасли, Сајнц, Рикиардо, Леклер, Цунода и Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни