Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Повторно се случува истото, тенисот е „мртов“

Објавено

на

Данил Медведев по серија од пет последователни победи во дуелите со Александер Зверев претрпе пораз во големото финале во Торино, меч во кој германскиот противник одигра перфектно и без никаква грешка на свој сервис, што беше пресудно за лесниот триумф остварен во два сета.

Олимпискиот шампион не му препушти ниту една брејк топката на противникот и со триумфот од 6:4 и 6:4 стави крај на една лоша серија која ја имаше пред овој дуел, а по истиот, славенички ја подигна својата втора титула на завршните Мастерс турнири на кои играат најдобрите осум тенисери.

Медведев во овој момент без никаков сомнеж е дел од таа елита, а како таков, смета дека новата генерација не е доволно ценета од јавноста.

– Јас можам да кажам дека сум најдобар во овој момент и дека луѓето доаѓаат да ме гледаат мене, но не сум таков. Кога зборувам со мојот тренер за ова, тој ми вели дека секогаш во тенисот имало вакви етапи. Некогаш биле Борг и Мекинро, кога ги завршиле кариерите, сите велеле дека тенисот е мртов и готов, дека никогаш нема да има такви играчи.

– После тоа следеле неколку големи, ги добивме Сампрас и Агаси, а после нив, тенисот повторно беше готов. Тогаш се појавија Новак, Рожер и Рафа. Ако ги прашате луѓето, тенисот нема да биде интересен по нив тројца. Се случува истата работа, повторно тенисот е мртов. Јас не мислам така, говорам во свое име и ќе дадам се од себе за да освојам што повеќе титули и да играм во голем број финалиња, – изјави Русинот по поразот од Зверев.

– Зверев ја промени тактиката и играше поинаку од претходните мечеви. Го почувствував тоа, но не можев да реагирам. Не можев да му парирам овојпат, тој беше подобар и ме победи. Следниот пат ќе се обидам да бидам подобар, – заврши популарниот Медо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни