Поврзете се со нас

Свет

Марсело го избра својот идеален дрим-тим и направи едно големо изненадување (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FluminenseFC

Марсело е најуспешен фудбалер во историјата на Реал Мадрид и е осамен на врвот по бројот на освоени титули, но откако си замина од шпанската престолнина, искусниот лев бек остана фудбалски активен.

По кратката и неуспешна авантура во Грција, Марсело се врати во родната земја и ги брани боите на Флуминенсе, а сега од Бразил го привлече вниманието со изборот кој го направи за најдобриот тим од фудбалери со кои ја делел соблекувалната на клупски и репрезентативен план.

Марсело најголемото изненадување го направи на голот каде му даде предност на Кејлор Навас пред Икер Касилјас, но интересно, како десен бек не го избра и Дани Алвес.

Според Марсело, најдобар десен бек со кој играл е Рафиња, а друштво на него во одбраната му прават Роберто Карлос, Тиаго Силва и Серхио Рамос.

Во средината е ударното трио од Реал сочинето од Касемиро, Модриќ и Крос, а во нападот ги избра Кристијано Роналдо, Роналдо Назарио и Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни