Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Марко Величковски го освои завршниот снукер турнир на младинците

Објавено

на

Марко Величковски е нов јуниорски првак на Македонија во снукер!

Со извонреден резултат од пет победи во петте мечеви, Величковски го презема шампионскиот наслов од Андреј Ѓурчиновски и заслужено го подигна победничкиот пехар.

На финалниот турнир за младинците имаше шест учесници и се играше според Бергеров систем (секој со секого), при што Величковски кој е член на клубот „147“, низ директни дуели со ривалите стигна до победи кои му го донесоа првото место.

Андреј Ѓурчиновски од „Гран клуб“ е втор, додека на третото место се најдоа Теодор Величковски и Стефан Запров.

Со овој настан беше комплетиран исклучително богатиот снукер викенд, а до крајот на годината останува последното коло од „Алфа Плам Националното првенство“ во сениорска конкуренција, но и меѓународните настапи како Балканската лига и Отворениот турнир во Софија, Бугарија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни