Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Марез за додавањето на Едерсон: Секако дека не беше случајно

Објавено

на

Ријад Марез постигна три од четирите погодоци на Манчестер Сити во полуфиналниот меч од Лигата на шампионите со ПСЖ, па сосема заслужено прв добил шанса да го коментира епилогот за британските медиуми.

Алжирецот признава дека Сити не започнал добро, но голот ја олеснил работата.

– Не одигравме добро во првото полувреме, но беше полесно откако постигнавме гол. Во вториот дел можевме да дадеме и повеќе голови, тие ги загубија нервите и почнаа да не удираат.

– Секако дека додавањето на Едерсон (почетокот на акцијата за првиот гол) беше планирано, знаеме дека може да проигра на таков начин, па постојано го вежбаме, а вечерва успеа.

– Сега е важно да победиме во сабота и да го освоиме првенството, па потоа ќе можеме да се концентрираме на финалето на Лигата на шампионите, – изјавил Марез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни