Поврзете се со нас

Шпанија

Лунин се огласи за најспорниот момент на „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид ја доби Барселона со 3-2 и со тоа скоро и да ја обезбеди титулата во најсилниот шпански фудбалски шампионат.

Средбата на „Сантијаго Бернабеу“ донесе борба, пет голови, но и неколку ситуации, моменти за дискусија, реакции, коментари од кои се дефинитивно за издвојување е онаа од првото полувреме кога Ламин Јамал се обиде, а остане отворено дали голманот Андреј Лунин го одбрани неговиот удар, поточно дали топката ја мина гол линијата.

Со оглед на тоа што Шпанците ја немаат најсовремената техноголија, јасен, чист одговор не се доби и покрај сите камери, ВАР системот.

Дискусијата, коментарите се уште траат, а на темата кратко се огласи и Лунин кој запрашан за тоа дали топката влезе во голот, неговиот одговор беше краток и јасен:

-За мене не-порача Украинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни