Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Луда приказна од Токио: Го поправи својот кајак со кондом, па освои бронзен и златен медал! (Видео)

Објавено

на

Австралиската кајакарка Џесика Фокс го освои бронзениот медал на Олимписките игри во токио во конкуренција на „едносед“, а потоа го освои и својот прв златен медал во кариерата во таканаречениот олимписки Ц1 слалом во овој спорт.

Фокс се најде во преден план поради своите извонредни вештини во брзите води, но истовремено, предизвика огромно внимание на социјалните мрежи пред вчерашната трка на која го освои првиот од двата медали на Олимпијадата во Токио.

Пред финалната битка за медал во „едносед“ конкуренција, Џесика имала проблем со својот кајак кој добил оштетување во предниот дел, а таа самата преку социјалните мрежи откри дека истиот бил поправен со кондомот кој го добила од организаторите при пристигнувањето во Олимпиското село.

Австралијката Фокс ни демонстрираше дека кондомот може да добие и поинаква употреба во професионалниот спорт, а двата освоени медали во два дена се вистински доказ за неверојатниот изум на Џесика и нејзиниот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Fox (@jessfox94)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни