Поврзете се со нас

Лига Европа

Ливерпул и Милан добија противници по мерка во осминафиналето на ЛЕ

Објавено

на

Ливерпул и Милан добија противници по мерка во осминафиналето на Лига Европа.

„Црвените“ и „росонерите“ кои важат за фаворити за пехарот во ова натпреварување, минаа добро на ждрепката во Нион, па така премиерлигашот ќе ги одмери силите со Спарта Прага, тим кој во претходната рунда направи мало изненадување со елиминацијата на Галатасарај.

Калчолигашот исто така ќе се соочи со клуб од Чешка и тоа е Славија Прага. Имаме неколку интересни двојки како Рома-Брајтон, Фрајбург-Вест Хем и Марсеј-Вилјареал.

Првите средби се закажани за 7 март, а реваншите ќе се играат на 14 истиот месец.

Парови за осминафиналето во ЛЕ:

Спарта Прага-Ливерпул

Олимпик Марсеј-Вилјареал

Рома-Брајтон

Бенфика-Ренџерс

Фрајбург-Вест Хем

Спортинг Лисабон-Аталанта

Милан-Славија Прага

Карабах-Баер Леверкузен

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни