Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул го загуби Диаз на подолг временски период

Објавено

на

Ливерпул претрпе пораз од Арсенал во дербито во Премиер лигата, но тоа не беше единствената негативна работа од таа средба затоа што неколку неколку играчи заработија повреди.

Дефинитивно најлошо помина офанзивецот Луис Диаз кој ќе ги пропушти сите мечеви на премиерлигашот до паузата за Светското првенство. Ова значи дека Колумбиецот ќе „скокне само“ 10 натпревари, бројка која ќе беше поголема ако во овој период не се одржуваше мундијалот.

Ако нема некој компликации се очекува да биде фит веднаш по Катар што е добра вест за Ливерпул ако се земе во предвид дека се стравуваше дека можеби се работи за кинење на лигаментите.

Некое време недостапен за Јирген Клоп ќе биде и Трент Александер Арнолд, ама се очекува бекот да игра во некоја фаза на овој месец.

Ова се големи главоболки на Клоп која има огромни проблеми сезонава како со играчите така и на резултатски план.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни